• понеделник, 23 декември 2024

Украинско МО: Ова е Херсон денеска - го гранатираа, поплавија, но не успеаја во ништо

Украинско МО: Ова е Херсон денеска - го гранатираа, поплавија, но не успеаја во ништо

Киев, 7 јуни 2023 (МИА) – Украинското Министерство за одбрана објави фотографија за која тврди дека го прикажува градот Херсон,  еден ден по поплавата предизвикана од уништувањето на браната во хидроцентралата Нова Каховка.

„Ова е Херсон денеска. Русите се обидоа со се што можеа да го освојат овој град. Испратија војска, го гранатираа, го поплавија. Не успеаја во ништо. Така и ќе продолжи. Како во Херсон, така и на други места во Украина“, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Како потсетување, Херсон е единствениот главен град на украински регион што Русите го окупираа на почетокот на инвазијата, а потоа се повлекоа од него под притисок на напредувањето на украинските сили, за на крајот и да го ослободат. сд/

Фото: украинско МО

Остани поврзан