• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украинското разузнавање тврди дека руските сили продолжуваат да ја минираат нуклеарната централа Запорожје

Украинското разузнавање тврди дека руските сили продолжуваат да ја минираат нуклеарната централа Запорожје

Киев, 8 јули 2023 (МИА) - Украинската воена разузнавачка служба денеска соопшти дека руските сили продолжуваат да ја минираат нуклеарната централа Запорожје.

Според податоците на военото разузнавање, во моментов на територијата на нуклеарната централа се доставуваат мини и експлозиви, пишува „Киев Индипендент“.

Далечински контролирани противпешадиски мини се поставуваат во технички и машински простории, додаваат разузнавачите. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан