• понеделник, 23 декември 2024

Украинското воено разузнавање по речиси еден месец потврди дека Русите го гаѓале нивниот штаб

Украинското воено разузнавање по речиси еден месец потврди дека Русите го гаѓале нивниот штаб

Киев, 22 јуни 2023 (МИА) – Портпаролот на Украинското воено разузнавање (УВР) Андриј Јуров, потврди дека во руски ракетен напад кон крајот на мај бил гаѓан нивниот штаб, но дека „тој не ја постигна ниту посакуваната, ниту најавената цел“, јави ДПА.

За ракетните напади врз УВ, меѓу другите, зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин. Откако ја почна својата целосна инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година, руското раководство постојано се закануваше дека ќе ги нападне „центрите за донесување одлуки во оваа земја“. 

Првата информација за напад на седиштето на УВР се појави на 29 мај. Тогаш очевидци пријавија за експлозии на киевскиот остров Рибалски, во реката Дњепар.

Киев тогаш не даде официјална изјава. 

Јусов и сега не ги коментираше последиците од нападот, наведувајќи дека тоа ќе го направи дури по завршувањето на војната.

Некои руски медиуми објавија дека во гранатирањето е ранет и шефот на Воено-разузнавачката служба на Украина, Кирил Буданов.

По неколку недели молк, Буданов вчера повторно се појави на украинската телевизија. 

Се чини дека тој не се здобил со видливи повреди, јави ДПА. сд/

фото: сајт на украинско МО

Остани поврзан