• вторник, 03 декември 2024

Украински разузнавач: На Русите во Украина им се приклучија 2.000 севернокореjски војници

Украински разузнавач: На Русите во Украина им се приклучија 2.000 севернокореjски војници

Киев, 3 декември 2024 (МИА) - Две илјади војници од Северна Кореја им се приклучија на руските единици и активно ќе учествуваат во борбите, додека уште 9.000 војници се во резерва, објави „Киев пост“.

Андриј Черњак, претставник на Украинската одбранбена разузнавачка служба, изјави за Радио Свобода дека иако овие сили веројатно не се на линијата на фронтот, тие сè уште придонесуваат за агресија против Украина, помагајќи во убивањето на украинските војници.

„Можеби не се на линијата на фронтот. Можеби не се на напредни позиции, но сепак придонесуваат за агресијата врз Украина и убиството на украинските војници“, рече Черњак.

Според Украинската одбранбена разузнавачка служба, со севернокорејскиот воен контингент во Русија командуваат тројца генерали од Северна Кореја.

„Ги чуваат колку што е можно во тајност, ги чуваат што е можно повеќе. Тие се во затворени кампови, спроведуваат обука, но се кријат од сите“, објасни Черњак.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, во моментов во руската област Курск има повеќе од 11.000 севернокорејски војници. Началникот на Генералштабот потврди дека руската команда веќе вклучила севернокорејски војници во борбата против украинските сили. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан