Украина тврди дека уапсила руски агент кој планирал напади на Одеса
- Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека уапсила руски воен разузнавач кој планирал напади врз Одеса, најголемото црноморско пристаниште во земјата.
Киев, 10 јануари 2022 (МИА) - Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека уапсила руски воен разузнавач кој планирал напади врз Одеса, најголемото црноморско пристаниште во земјата.
„Неговата главна задача беше да ја размрда политичката ситуација во регионот на Одеса преку саботажи и терористички акти“, соопшти СБУ.
Агентот е фатен како се обидува да регрутира некого за да ги изврши нападите, додаваат тие.
Киев, Вашингтон и западните престолнини се загрижени поради акумулацијата на руски војници во близина на границата со Украина и потенцијалната инвазија. Американските и руските дипломати во понеделникот започнаа разговори во Женева за деескалација на кризата.