• петок, 22 ноември 2024

Украина тврди дека врз Азовстал се фрлени фосфорни бомби

Украина тврди дека врз Азовстал се фрлени фосфорни бомби
Киев, 15 мај 2022 (МИА) - Членот на Градското собрание во Мариупол, Петро Андриушченко на Телеграм објави видео од руски напад врз челичарницата Азовстал на кое наводно се гледа дека се употребени фосфорни бомби. Видеоснимката не е потврдена од независни извори. Според Андриушченко челичарницата Азовстал во Мариупол била нападната со фосфорни бомби по победата на украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“ на Евровизија. Андриушченко напиша „Пеколот дојде на Земјата. Во Азовстал“. Фосфорните бомби се палат при контакт со кислород и предизвикуваат огромна штета. Нивната употреба во населени места е забранета со меѓународното право. ми/

Остани поврзан