Украина со дронови нападна два руски танкера во Црното Море
- Заедничката операција против бродовите, од таканаречената „флота во сенка“, ја спроведоа СБУ и украинската морнарица, изјави неименуваниот функционер.
Киев, 29 ноември 2025 (МИА) - Украина со поморски дронови погоди два танкера во Црно Море што Русија ги користи за извоз на нафта за избегнување на западните санкции, изјави денеска функционер на украинската безбедносна служба СБУ.
Заедничката операција против бродовите, од таканаречената „флота во сенка“, ја спроведоа СБУ и украинската морнарица, изјави неименуваниот функционер.
Турските власти објавија дека вчера во близина на Босфор биле погодени два танкера, по што на нив избувнал пожар и започнала спасувачка операција.
Функционерот на СБУ изјави дека двата танкери, „Каирос“ и „Вират“, биле празни и на пат кон пристаништето Новосиријск.
„Видеата покажуваат дека двата танкера, откако биле погодени, претрпеле критична штета и се неупотребливи. Ова е значаен удар врз рускиот транспорт на нафта“, рече функционерот.
Меѓутоа, не се наведува кога двата напади биле извршени.
Украина постојано бара построги меѓународни мерки против руската „флота во сенка“, за која тврди дека ѝ помага на Москва да извезува огромни количества нафта и да ја финансира војната во Украина и покрај западните санкции.сд/
фото: ЕПА