• понеделник, 23 декември 2024

Украина соопшти дека во руските напади во областа Днепропетровск загинале најмалку осум лица

Украина соопшти дека во руските напади во областа Днепропетровск загинале најмалку осум лица

Киев, 19 април 2024 (МИА) - Во големиот руски ракетен напад врз централниот дел на регионот Днепропетровск загинаа најмалку осум лица, 21 лице се повредени и оштетена е инфраструктурата, соопштија утринава локалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот се оштетени неколку ката од станбена зграда и железничка станица во регионалната престолнина Днепар, уште еднаш повикувајќи на дополнителни средства за противвоздушна одбрана.

„Русија мора да биде одговорна за својот терор и секој проектил, секој Шахед мора да биде соборен. Светот може да го гарантира тоа, а нашите партнери ги имаат потребните способности, рече Зеленски.

Украинските железници во државна сопственост соопштија дека рускиот напад намерно била насочен кон нејзината инфраструктура во регионот, при што биле повредени работници. Компанијата ја затвори својата станица во Днепар и ги пренасочи возовите што требаше да поминуваат низ градот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан