Украина собори 34 од 55 руски беспилотни летала
- Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 34 од 55 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека други 18 беспилотни летала ги промашиле своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили.

Kиев, 16 јануари 2025 (МИА) - Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 34 од 55 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека други 18 беспилотни летала ги промашиле своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили.
Беспилотни летала беа соборени во 11 региони на Украина, се наведува во соопштението.
Паднаа и делови од дронови, при што е оштетена енергетската инфраструктура во централна Украина, во регионот Полтава, каде повеќе од 300 корисници се без струја, соопштија локалните власти. рп/
Фото: МИА архива