• сабота, 23 ноември 2024

Украина почна со сериско производство на дрон аналоген на иранскиот „Шахед“

Украина почна со сериско производство на дрон аналоген на иранскиот „Шахед“

Киев, 6 ноември 2023 (МИА) - Украина почна масовно производство на беспилотното летало слично на иранскиот дрон „Шахед“, што може да лета 1.000 километри, изјави генералниот директор на украинската фабрика за одбранбена индустрија Укроборонпром, Герман Сметанин.

-Направен е. Поточно, во соработка со странски партнери. Нема да кажам каде точно, од безбедносни причини. Најважно е да летаат и да експлодираат, рече Сметанин во интервју за украинска „Економска правда“.

Според него, се произведуваат аналогни дронови на „Шахед“, но и посилни модели, бидејќи, како што наведе, дроновите од типот „Шахед“ не летаат толку далеку.

-Сега сме фокусирани на создавање посложени и поскапи модели со високи перформанси, нагласи Сметанин.

Украина и Русија користат голем број беспилотни летала во војната што почна со рускиот напад врз Украина на 24 февруари минатата година. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан