Украина отвори веб-страница за загинатите руски војници
- Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина.
Киев, 27 февруари 2022 (МИА) - Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина.
На страницата „200rf.com“ може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена.
На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со нивните имиња и места и градови од кои доаѓаат.
„Знам дека многу Руси се загрижени и сакаат да знаат што се случило со нивните синови, браќа, сопрузи“, изјави Виктор Андросив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
Киев тврди дека за четири дена украинската армија убила повеќе од 4.300 руски војници и заробила над 200. паг/