• сабота, 16 ноември 2024

Украина: Немаме докази дека Русите го напуштаат Херсон

Украина: Немаме докази дека Русите го напуштаат Херсон
Киев, 10 ноември 2022 (МИА) – Советникот на министерот за одбрана на Украина, Јуриј Сак изјави дека неговата земја сè уште „не гледа докази за големи движења на војниците од Херсон“. Сак во изјава за Скај њуз рече дека затоа украинските власти остануваат скептични во врска со најавите на Москва. Пред Русија вчера да соопшти дека се повлекува од Херсон, во градот имаше десетици илјади руски војници. Сак вели дека тоа се „значајни бројки“ и затоа ќе мора „да се почека и да се види“ дали Русите ќе почнат да го напуштаат градот. Иако Украина денеска ослободи неколку населби во близина на градот, Сак рече дека нивните војници сè уште немаат пристап до самиот град, кој со месеци е под руска окупација. јт/

Остани поврзан