• недела, 22 декември 2024

Украина и порача на Кина дека Русија не е подготвена за разговори со „добра волја“

Украина и порача на Кина дека Русија не е подготвена за разговори со „добра волја“

Пекинг, 24 јули 2024 (МИА) - Киев е подготвен да преговара со руските претставници кога Москва ќе биде подготвена да води разговори „со добра волја“, изјави во Кина министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

-Дмитро Кулеба ја повтори конзистентната позиција на Украина дека е подготвена да преговара со руската страна во одредена фаза, кога Русија е подготвена да преговара со добра волја, но нагласи дека во моментов нема таква подготвеност од руската страна, се наведува во соопштение од украинското МНР.

Кулеба денеска е во посета на Кина каде разговараше со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Тој претходно денеска изјави дека сака да најде „заеднички јазик“ во разговорите со неговиот кинески колега за ставање крај на војната на Украина со Русија. Ова е прва посета на украинскиот министер за надворешни работи на Кина од почетокот на војната во 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан