• вторник, 24 декември 2024

Украина ги повика европските земји да ги бојкотираат натпреварите со Русија

Украина ги повика европските земји да ги бојкотираат натпреварите со Русија

Киев, 30 септември 2023 (МИА) - Украинскиот фудбалски сојуз (УАФ) ги повика европските федерации да ги бојкотираат натпреварите со Русија на Европското првентсво за играчи до 17 години.

 

Според „The Times“, од УАФ испратиле писма до сите 55 европски федерации.

 

- УАФ апелира до вас со барање да ги бојкотирате можните натпревари во кои учествуваат тимови од Русија. Убедени сме дека секој чекор кон реинтеграција на руските претставници е опасен и застрашувачки тренд, се вели во соопштението на украинската федерација.

 

Извршниот комитет на УЕФА на 26 септември дозволи руските репрезентации до 17 години да учествуваат на меѓународни турнири без химна, знаме и други државни симболи.

 

На 27 септември, прес-службата на УАФ објави дека нивни репрезентации нема да учествуваат на турнирите на УЕФА со Руси. Подоцна, Англија, Полска, Летонија, Шведска, Данска, Норвешка и Литванија исто така објавија бојкот на натпревари во кои учествуваа руски репрезентации. зс/

 

Фото: УАФ

Остани поврзан