УКМТО: Со проектил погоден брод во Аденскиот Залив, близу Јемен
- Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти за нов сериозен инцидент во Црвеното Море.
Лондон, 15 јануари 2024 (МИА) - Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти за нов сериозен инцидент во Црвеното Море.
Како што наведоа, брод е погоден со проектил од воздух недалеку од јужниот пристанишен град Аден во Јемен.
УКМТО, која ги надгледува водите на Блискиот Исток, соопшти дека нападот се случил на околу 110 милји (177 километри) милји југоисточно од Аден.
Не се прецизирани детали, освен дека капетанот на бродот пријавил дека „левата страна на бродот била погодена одозгора со проектил“.
Не се соопштени други детали за инцидентот, ниту е соопштено за кој брод станува збор. ссм/