Укината забраната за тешки возила на превојот Стража
- Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кичево - Гостивар на превој „Стража" денеска од 08:40 часот е укината, информираат од АМСМ.
Скопје, 24 јануари 2022 (МИА) - Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кичево - Гостивар на превој „Стража" денеска од 08:40 часот е укината, информираат од АМСМ.
Забраната за тешки товарни возила на патниот правец беше воведена утрово во 07:00 часот поради обилни врнежи од снег.
Забрана за сообраќај на камиони е воведена и на патниот правец Маврово - Дебар, информира АМСМ. аа/дма/