• четврток, 04 декември 2025

УЕФА го назначи Турчиниот Мелер за судија на гостувањето на македонската репрезентација во Гент

УЕФА го назначи Турчиниот Мелер за судија на гостувањето на македонската репрезентација во Гент


Нион, 9 октомври 2025 (МИА) – УЕФА назначи судиска четворка од Турција, предводена од 39-годишниот Умут Мелер, за утрешниот натпревар на македонската репрезентација на гостински терен против Белгија во Гент во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Мелер е судија со знакот на ФИФА и УЕФА од 2017 година, а беше меѓу арбитрите на последното Европското првенство минатата година во Германија.
Во декември 2023 година, Мелер беше физички нападнат по завршувањето на натпреварот од турското првенство меѓу Анкарагучу и Ризеспор.
Во физичкиот напад што го извршија претседателот на Анкарагучу и уште две други лица, Мелер се здоби со повреди на окото и главата.
Макеоднската репрезентација како првопласирана во групата, со 11 бодови по пет одиграни кола ѝ гостува утревечер од 20:45 часот на Белгија, која е на второто место со бод заостанување, но и натпревар помалку.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан