• вторник, 05 ноември 2024

Убиен гувернерот на Западен Дарфур откако ги обвини РСФ за геноцид

Убиен гувернерот на Западен Дарфур откако ги обвини РСФ за геноцид

Картум, 15 јуни 2023 (МИА) – Гувернерот на суданскиот регион Западен Дарфур, Камис Абакар денеска е убиен, неколку часа откако ги обвини паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) дека извршиле геноцид.

Абакар беше лидер на поранешна бунтовничка група, која го потпиша историскиот мировен договор во 2020 година. Тој е највисок владин претставник, кој е убиен од почетокот на судирите во Судан, што почнаа во април годинава.

Во меѓувреме, суданската армија соопшти дела Абакар бил киднапиран од РСФ и потоа убиен.

На видео-снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како група вооружени мажи, од кои некои носат униформи на РСФ, го притвораат гувернерот. Паравоените сили ги негираат таквите наводи и за смртта на Абакар ги обвинија „одметниците“. РСФ тврди дека се обиделе да го заштитат Абакар, така што го одвеле во нивниот штаб во Ел Генеини.

Изминатите месеци се разгореа несогласувања меѓу војската и паравоените сили околу интеграцијата на РСФ во вооружените сили, клучен услов за транзицискиот договор на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога армијата ја собори привремената влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба. Преодниот период на Судан, што почна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, треба да заврши со избори на почетокот на 2024 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан