• вторник, 02 јули 2024

Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница

Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, денеска се убиени мечка и две мали мечиња, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

- Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени  мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место, изјави Стојковски, кој на прес-конференција  претстави извептај за работата на Инспекторатот за периодот јануари-јуни годинава.

Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет. ра/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан