• вторник, 02 јули 2024

Убедливи победи за фаворитите на третиот ден од струшкиот ракометен турнир

Убедливи победи за фаворитите на третиот ден од струшкиот ракометен турнир
Струга, 14 август 2020 (МИА) – На традиционалниот ракометен турнир во Струга во текот на денешниот ден се одиграа три натпревари на кои сигурни победи забележаа екипите кои важеа за апсолутни фаворити. Резултати: Струга – Металург 24:35 Еурофарм Пелистер – Прилеп 38:17 Вардар – Еурофарм Пелистер 2 33:19. Со по две победи и без ниту еден пораз во водство се Еурофарм Пелистер и Вардар, двата најголеми конкуренти за место во финалето. Распоред за утре: Охрид – Еурофарм Пелистер 2 Струга – Еурофарм Пелистер Вардар – Бутел. зс/

Остани поврзан