• петок, 05 јули 2024

Убедлива победа на ЖФК „Каменица Саса“ во дербито со ЖФК „Борец“

Убедлива победа на ЖФК „Каменица Саса“ во дербито со ЖФК „Борец“
Македонска Каменица, 2 март 2022 (МИА) - Женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса“ го продолжува походот кон нова шампионска титула во Првата женска фудбалска лига на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во Македонска Каменица славеше убедлива победа над екипата на ЖФК „Борец“ со резултат 6:1.
Од стручниот табор на домаќинките не го криеја задоволството од убедливата победа, напоменувајќи дека заслужни за победата биле сите фудбалерки кои истрчале на теренот.
- Нова голема победа, нови три бода. Во денешното дерби, нашите девојки со тимска и квалитетна игра во двата правци одиграа натпревар за душа пред својата публика, кој беше крунисан со шест гола. Честитки за прикажаното и одиме напред, одиме до крај, истакнаа од ЖФК „Каменица Саса“ по победата.
Креатори на победата денес беа Антонина Шопска и новото засилување на Америка, Пејтон Чик, кои постигнаа по два погодоци, додека, останатите два гола ги постигнаа Ана Димитровска и Ленче Андреевска.
Ова е втора победа за три дена за каменичанки кои во недела со 2:0 беа подобри од фудблалерките на ЖФК „Скопје“.  Во следното коло каменичанки во дербито на колото играат против домашната екипа на Тиверија од Струмица. вс/ар/

Остани поврзан