• петок, 22 ноември 2024

Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска

Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска

Загреб, 2 мај 2024 (МИА) - На барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб, денеска е уапсен поранешен помошник министер во Министерството за култура и медиуми, сега главен конзерватор во Дирекцијата за заштита на културното наследство, под сомнение за корупција како дел од истрагата на Геодетскиот факултет на Универзитетот во Загреб.

-Денеска се уапсени поранешниот декан на Геодетскиот факултет, како и поранешен професор на истиот факултет, јавија хрватските медиуми.

Против сите тројца, ЕППО донесе решение за проширување и спроведување на истрагата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан