• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Туск: Градиме безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана 

Туск: Градиме безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана 

Брисел, 20 март 2025 (МИА) - Денешниот Самитот на ЕУ ќе биде посветен на финализирање на првата фаза од можеби најважниот европски проект во последните децении - „изградбата на безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана“, порача денеска полскиот премиер Доналд Туск пред заминувањето на заседанието на Европскиот совет во Брисел.

- Можеби се сеќавате колку пати бевме сами кога ги предупредувавме другите европски партнери за руската закана, а сега ќе видиме како Европа се обединува околу истиот проблем со кој Полска често се соочуваше сама, изјави Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. 

Туск го повика полскиот претседател Анджеј Дуда да ги ратификува измените на Законот за миграција и азил, со што на Владата би и се овозможило привремено суспендирање на барањата за азил на илегалните мигранти. 

Според Туск, ова и е неопходно на Полска за да се спротивстави на „растечкиот притисок“ на нејзината граница со Белорусија, во услови кога Минск и Москва ја поттикнуваат илегалната  миграција на надворешните граници на ЕУ.  

- Де факто водат војна, која тие ја нарекуваат хибридна, но тоа е нешто посериозно од хибридна војна, додаде Туск пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан