Тур де Ски ќе се одржи во три земји следната сезона, Франција за прв пат ќе биде домаќин на етапа
- Етапите на Тур де Ски ќе се одржат во три земји сезоната 2026/27.
Париз, 14 јануари 2026 (МИА) - Етапите на Тур де Ски ќе се одржат во три земји сезоната 2026/27.
За првпат Франција ќе биде организатор на етапа од престижното натпреварување.
Стартот ќе биде во Ле Русе (Франција), а трките ќе се одржат и во Оберздорф (Германија), и Вал ди Фиеме (Италија).
Етапната трка ќе заврши со планинско искачување на врвот на Алпе Серми (Италија). Целата тура ќе трае една недела. зс/
Фото: ЕПА