Поповски нов ракометар на Вардар 1961
- Лидерот во домашната Супер лига, Вардар 1961, потпиша денеска долгогодишен договор со еден од најперспективните македонски ракометари, 17-годишниот Бобан Поповски.
Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) – Лидерот во домашната Супер лига, Вардар 1961, потпиша денеска долгогодишен договор со еден од најперспективните македонски ракометари, 17-годишниот Бобан Поповски.
Талентираното десно крило ја почна кариерата во екипата на Преспа, по што следуваше развоен период во Алкалоид, а актуелната сезона настапуваше за Мулти Есенс.
Поповски, кој е стандарден член на македонските младински селекции, треба да биде наследник во редовите на Вардар 1961 на ветеранот Гоце Георгиевски. ег
ФОТО: РК Вардар 1961/Фејсбук