• понеделник, 23 декември 2024

Турција, Финска и Шведска во август ќе разговараат за договореното во Мадрид

Турција, Финска и Шведска во август ќе разговараат за договореното во Мадрид
Анкара, 21 јули 2022 (МИА) - Официјални лица од Турција во август ќе имаат средба со колеги од Финска и од Шведска, со цел да го оценат напредокот на двете земји во исполнување на барањата на Анкара во рамки на договорот за укинување на ветото на нивната кандидатура за членство во НАТО, информираше денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Финска и Шведска поднесоа барања за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Но, земјите со соочија со противење на Турција, која ги обвини за поддржување групи што таа ги смета за терористички, потсетуваат медиуми. Трите земји на самитот на НАТО во Мадрид потпишаа договор за укинување на ветото на Анкара, како замена за ветување за борба против тероризмот и извоз на оружје. Анкара најави дека внимателно ќе ја следи имплементацијата на договорот со цел да ги ратификува кандидатурите за членство на Финска и Шведска. Во разговор за турската државна телевизија ТРТ Хабер, Чавушоглу појасни дека состанокот во август ќе биде прв во рамки на надзорниот одбор, формиран согласно договорот. Но, тој повтори дека Турција ќе го блокира членството на двете земји, доколку не го исполнат ветеното. бд/зш/

Остани поврзан