• петок, 22 ноември 2024

Турција и САД подготвени за интензивирање на билатералните односи

Турција и САД подготвени за интензивирање на билатералните односи
Анкара, 2 февруари 2021 (МИА) - Турција и САД на денешната прва средба на високо ниво помеѓу Анкара и новата американска администрација изразија подготвеност за воспоставување на „силни“ односи. Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин и американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, како што јави турската новинска агенција Анадолија, изразиле „желба во следниот период да воспостават силни, трајни и конструктивни односи помеѓу двете земји“. Калин и Саливан ја истакнаа потребата за „нов пристап во решавањето на несогласувањата“, меѓу кои се турското купување на рускиот антиракетен штит С-400, како и американската поддршка за Курдите во Сирија. Тие разговараа и за ситуацијата во Сирија, Либија, Источен Медитеран, Кипар, Авганистан и за Нагорно-Карабах. ми/

Остани поврзан