• понеделник, 23 декември 2024

Турција испратила воени бродови во близина на грчки остров поради брод што го истражува поставувањето кабел за електрично поврзување на Крит и Кипар

Турција испратила воени бродови во близина на грчки остров поради брод што го истражува поставувањето кабел за електрично поврзување на Крит и Кипар

Атина, 23 јули 2024 (МИА) – Воени бродови кај островот Касос во Егејското море, во непосредна близина на грчките територијални води, испратила Турција, поради истражувањата што ги врши италијанскиот брод „Ievoli Relume“ за поставување подводен кабел за електрична интерконекција меѓу Крит и Кипар, на што Грција одговорила со распоредување на три брода на воената морнарица и крајбрежната стража, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ пишува дека Анкара ги испратила бродовите „под изговор дека е нарушен турскиот континентален гребен“, додека пак грчки дипломатски извори брифирале дека италијанскиот брод го истражува поставувањето на подводни кабли во близина на Касос, а распоредувањето на турските бродови во областа, резултирало со распоредување и на грчки воени бродови.

- Се одржуваат соодветни консултации во пресрет на финализацијата на истражувањето врз основа на постоечкиот план, брифирале истите извори за медиумите.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервјуто за телевизијата „Скај“ рече дека се стремат кон дијалог, „но во дијалогот не се вклучени прашањата за суверените права“. ср/

Остани поврзан