• вторник, 17 декември 2024

Турција забрани пушење на јавни места поради епидемијата на коронавирус

Турција забрани пушење на јавни места поради епидемијата на коронавирус
Анкара, 11 ноември 2020 (МИА) - Турција денеска забрани пушење на јавни места со цел да го забави ширењето на коронавирусот, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата, а Владата ги предупреди граѓаните да се придржуваат до рестриктивните мерки. Турското Министерство за внатрешни работи наведува дека забраниле пушење за граѓаните да бидат обврзани да не ги вадат маските на отворено за да пушат цигари, пренесува Дејли Сабах. „Со цел да се осигура дека маските се носат на вистински начин, стапува во сила забраната за пушење на отворено. Ова се однесува на улиците и булеварите каде што протокот на луѓе на дневно ниво е огромен", додаде Министерството. Министерот за здравство Фахретин Коџа вчера ги замоли граѓаните да носат маска над носот и да опдржуваат физичка дистанца. „Ве молам, само направете го она што можете. Ништо повеќе од тоа", напиша Коџа на Твитер. На почетокот на оваа недела беше воведен полициски час во Истанбул и Анкара за лица постари од 65 години, на кои им е забрането да излегуваат на улица од 22 до 4 часот наутро. Бројот на новозаразени во Турција се зголемува од ден на ден, па денеска се регистрирани 2.693 нови случаи. Но властите се изложени на критики, бидејќи ги евидентираат само лицата со симптоми. ссм/

Остани поврзан