• сабота, 23 ноември 2024

Турција до четврток ги продолжи сеизмичките истражувања на „Оруч Рејс“ во Источен Медитеран

Турција до четврток ги продолжи сеизмичките истражувања на „Оруч Рејс“ во Источен Медитеран
Атина, 24 август 2020 (МИА) – Турција, за уште четири дена ја продолжи навигациската информација (Navtex) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс“ во Источен Медитеран, а грчки владини извори коментираат дека со ова однесување Анкара единственото што ќе постигне се негативни последици за неа, јави дописничката на МИА од Атина. Претходно издадената Navtex на 10 август беше со важност до вчера, а синоќа, од станицата во Анталија, Турција издаде продолжување на истата навигациската информација до 27 август 2020 година. Ставот на официјална Атина е дека конкретната Navtex е нелегална и опфаќа дел од грчкиот континентален гребен. Грчки владини извори, коментираат дека Турција, „продолжувајќи со нејзиното провокативно однесување, единственото што прави е да му покаже на целиот свет дека споменувањата на меѓународното право и дијалогот се изговор“ и додаваат дека „ваквото однесување, единствено што постигнува се негативни последици за неа“. ср/сд/

Остани поврзан