• четврток, 21 ноември 2024

Турското Министерство за одбрана преговара со Киев и Москва за продолжување на имплементацијата на договорот за извоз на жито

Турското Министерство за одбрана преговара со Киев и Москва за продолжување на имплементацијата на договорот за извоз на жито
Анкара, 31 октомври 2022 (МИА) - Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар преговара со претставници на Москва и Киев за продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа. Тоа го објави турското Министерство за одбрана. Во разговорите е потсетено на важноста од продолжување на иницијативата, која има позитивно влијание врз светот и покажува дека сите кризи може да се решат со добра волја и дијалог. Дополнително, важно е да се избегнат какви било провокации кои би можеле да имаат негативно влијание врз понатамошното функционирање на механизмот, се нагласува во соопштението. Во соопштението, исто така, се наведува дека бродовите што превезуваат храна нема да ги напуштат пристаништата на Украина бидејќи Русија го прекина учеството во договорот за жито. Рускиот персонал на Заедничкиот координативен центар (ЗКК) во моментов е во ЗКК. Се прецизира и дека денеска и утре ќе продолжи проверката на бродовите натоварени со жито што чекаат на Босфор. Москва вчера објави дека го замрзнува учеството во договорот по нападот со беспилотни летала врз руската Црноморска флота на Крим. зш/

Остани поврзан