• понеделник, 23 декември 2024

Туристичко искуство: Сместувањето чини 100 евра на ден, но перење алишта се доплаќа

Туристичко искуство: Сместувањето чини 100 евра на ден, но перење алишта се доплаќа

Загреб, 23 авгyст 2024 (МИА) - На интернет-просторот може да се сретнат безброј необични искуства од летувања, изнајмувања, сместувања... Така, еден корисник бил изненаден од натпис на машината за перење алишта во сместувањето што го плаќал не така евтино на хрватскиот отров Паг.

„Цената на сместувањето е 100 евра дневно, а машината за перење не е вклучена во таа цена. Односно, ако сакате да си ја перете облеката, тоа може да чини и осум евра. Меѓутоа, ако користете брзо перење, односно програма од 30 минути - ќе ве чини пет евра“, пишува туристот.

На фотографијата испратена до хрватски „Дневник“, се гледа несекојдневниот ценовник на којшто се гледа дека и поевтина „тарифа“ за перење од 15 минути - чини само три евра.  си/

Фото: Хрватски „Дневник“

Остани поврзан