• петок, 05 декември 2025

Тудор останува во Јувентус до 2027 година

Тудор останува во Јувентус до 2027 година

Торино, 13 јуни 2025 (МИА) - Она за што се шпекулираше неколку дена сега е официјално. Игор Тудор стана трајно решение на клупата на Јувентус и договорена е соработка за (барем) следните две години.

Хрватот потпиша договор со Јувентус до 2027 година. Но, со опција за продолжување за уште една година.

Поранешниот играч на торинскиот гигант, кој веќе беше во тренерскиот штаб на чело со Андреа Пирло, дојде на крајот од сезоната да го замени Тијаго Мота. И успеа да ја постигне примарната цел, да го одведе тимот до четвртото место и да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Постои надеж дека со Тудор ќе се обезбеди некаков вид стабилност, со оглед на тоа што Јувентус смени четири тренери во изминатите шест години. дс

Фото: Архива

Остани поврзан