• недела, 22 декември 2024

Трудо: Канада нема да испраќа војска поради протестот на камионџиите

Трудо: Канада нема да испраќа војска поради протестот на камионџиите
Отава, 3 февруари 2022 (МИА) - Премиерот на Канада, Џастин Трудо денеска изјави дека Владата не планира да испрати војска поради протестот на возачите на камиони, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19. -      Во овој момент не размислуваме за тоа. Не станува збор за испраќање на војници, истакна Трудо. Повеќе од 200 камиони и други возила од 28  јануари ги блокираа улиците во центарот на Отава. Организаторите најавија слични протести оваа недела и во други канадски градови. Изјавата на Трудо уследи откако шефот на полицијата во Отава, кој се соочува со критики за пасивниот одговор на полицајците на протестот, вчера изјави дека е можно да се повика армијата. Дел од демонстрантите бараат укинување на задолжителната вакцинација за возачите на камиони кои патуваат преку меѓународните граници, додека други бараат смена на премиерот. ми/

Остани поврзан