• сабота, 21 декември 2024

Тројца македонски спортисти ќе учествуваат на Зимските Олимписки Игри 2022 во Пекинг

Тројца македонски спортисти ќе учествуваат на Зимските Олимписки Игри 2022 во Пекинг
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада се тројцата спортисти кои ќе земат учество на Зимските Олимписки Игри Пекинг 2022, кои ќе се одржат во периодот од 4 до 20 февруари, информираат од Македонскиот Олимписки Комитет. Ана Цветановска својот настап во Крос кантри ќе го има на 5 и 10 Февруари, нејзин тренер е Борче Јовановски. Ставре Јада, исто така во Крос кантри со истиот тренер ќе настапи на 8 и 19 Февруари, додека, Дардан Дехари - Слалом ќе настапи на 13 и 16 февруари, а негов тренер е Антонио Ристевски. Македонското знаме на церемонијата на отворање на Зимските Олимписки игри Пекинг 2022 ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари. Како што информираат од МОК, олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, за Пекинг ќе тргне на 29 јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 февруари. ар/цр

Остани поврзан