Трка за млади „Born 2 Run“ – Градење на заедницата преку спорт утре во Куманово
- Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово денеска ги покани младите кумановци да присуствуваат на традиционалната трка по повод Денот на Европа „Born 2 Run“ – Градење на заедницата преку спорт. Трката ќе се одржи утре (10 мај 2025) со почеток во 12 часот, на Градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово.
Куманово, 9 мај 2025 (МИА) - Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово денеска ги покани младите кумановци да присуствуваат на традиционалната трка по повод Денот на Европа „Born 2 Run“ – Градење на заедницата преку спорт. Трката ќе се одржи утре (10 мај 2025) со почеток во 12 часот, на Градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово.
Настанот „Born 2 Run“ веќе е препознатлив и ценет меѓу младите во Куманово и пошироко, и оваа година ќе се одржи по седми пат, а главна цел е да ги собере младите од Куманово и државата на едно место каде што ќе имаат можност да спортуваат, да се дружат и да креираат нови позитивни искуства.
-Досега се пријавени 200 млади, има можност за регистрација на самото место до 12.30, по ќе следува трката кој има ревијален карактер. Пораката е да трчаме за младоста, за поврзувањето за европски вредности, заедништво, изјави Нами Исаки, извршен директор на ЦИД.
Регистрацијата ќе почне во 11 часот, воведните обраќања на претставници на општината и на СВР Куманово се во 12: 45, почетокот на трката е закажан за 13:00, доделувањето на наградите во 14:30 часот.
За време на трката ќе бидат блокирани одредени улици во Куманово - „Гоце Делчев“, булеварот „Трета македонска ударна бригада“, улица „Железничка“, булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Доне Божинов“. ам/хс/
Фото: Општина Куманово архива