• петок, 20 декември 2024

Тркалезна маса за родовата еднаквост во спортот

Тркалезна маса за родовата еднаквост во спортот
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Тркалезна маса на тема: „Родово еднакви – спортски здрави“ ќе се одржи денеска во Битола, во организација на мобилизаторот Мартин Николовски. Ќе учествуваат претставници од Агенцијата за млади и спорт, локалната власт и спортските федерации.
Како што соопшти организаторт, целта е да се дискутира за учеството на жените во спортот и спортските федерации и да произлезат препораки и потенцијални решенија за зајакнување на оваа улога.
Тркалезната маса е во рамки на проектот „Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија“, проект на  Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Тркалезната маса се организира на национално ниво и ќе се дискутира во насока на зголемување на процентот на учество на жената во спортот. мд/са/

Остани поврзан