• недела, 22 декември 2024

Три претстави денеска на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“

Три претстави денеска на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“

Прилеп, 11 јуни 2024 (МИА) - Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува по 58-пат во Прилеп е на средината со својата богата програма. И денеска се најавуваат бројни настани, а довечер на програмата се уште три претстави, од кои две во официјалната конкуренција.

Од 10 часот на платото пред Градскиот саат е вообичаената „Детска зона“, во 11 часот во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде промовирана театарска и театролошка литература, а напладне се разговорите на тркалезната маса за синоќешните претстави: за претставата на Битолски театар „На дното“ и за „Домот на куклата“ на Турски театар од Скопје.

Голем е интересот на публиката и полни се салите во Прилеп за да се видат претставите на Фестивалот. Вечер од 19.30 часот  во Центарот за култура „Марко Цепенков“, театар „Комедија“ ќе ја изведе претставата „Ало!Ало!“ оспоред британската ТВ-серија на Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов.

Од 22 часот е претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска, на Прилепскиот театар која ќе ја изведе на матичната сцена.

На минута до полноќ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ пред публиката ќе се претстави театар „Златен Елец“ од Скопје и ќе ја изведе претставата „Кенди“. ем/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан