• недела, 24 ноември 2024

Три нови монашки рожби во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“

Три нови монашки рожби во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“

Дебар, 10 септември 2024 (МИА) - Отците Елисеј, Пантелејмон и Евстатиј, духовно раководени од игуменот и владика Партениј, денеска се вброија во Бигорското монашко братство. Тројцата нови бигорски браќа беа замонашени вечерва од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј,  во текот на празничната вечерна богослужба, со што се вброија кон рамноангелскиот монашки чин.

Илјадници луѓе беа присутни на овој возвишен чин. Има  голем број на гости од соседните земји, а хор од Република Грција, ја збогати богослужбата со своето раскошно византиско пеење.

По традиција масовно присуство се очекува и утре, 11 септември, денот на патронот, Отсекување на главата на Свети Јован Крстител.

Во 7:30 часот ќе почне утрената богослужба, а во 8:45 часот ќе бидат дочекани Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и епископот Антаниски г. Партениј. Во 9 часот ќе почне Света архиерејска Златоустова Литургија, по ќе бидат осветени темелите на новата манастирска гробишна црква со костурница, посветена на Св. Наум Охридски.

Ова македонско древно светилиште е основано во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и пред четири години го одблежа големиот јубилеј 1000 години од основањето. вт/аа/
Фото: МИА

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан