• петок, 05 декември 2025

Три дена пред вториот круг од претседателските избори во Романија, независниот кандидат Никушор Дан води во анкетата пред Џорџе Симион

Три дена пред вториот круг од претседателските избори во Романија, независниот кандидат Никушор Дан води во анкетата пред Џорџе Симион

Букурешт, 15 мај 2025 (МИА) - Три дена пред вториот круг од претседателските избори во Романија, независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, има предност од четири процентни поени пред својот противник од националистичката „Алијанса за обединување на Романците“ (АУР), Џорџе Симион. Ова го покажува новата студија на ИРСОП (IRSOP).

За Никушор Дан гласале 52 проценти од анкетираните, додека 48 проценти го избрале Џорџе Симион.

ИРСОП наведува дека опциите се пресметуваат врз основа на вкупниот број луѓе кои веројатно ќе гласаат, со очекувана излезност на гласачите од над 60 проценти.

Податоците, исто така, покажуваат дека 51 процент би сакале Романија да биде управувана од Никушор Дан за претседател и Илие Бологан за премиер, додека 42 проценти го избираат тандемот Џорџе Симион-Калин Георгеску. Седум проценти не знаат или не навеле ниту една од опциите.

Студијата, финансирана од компанијата за истражување на пазарот ИРСОП, беше спроведена помеѓу 10 и 13 мај 2025 година, меѓу 951 учесници интервјуирани преку телефон. 

Во првиот круг од претседателските избори во Романија на 4 мај, Џорџе Симион, кандидатот на националистичката партија Алијанса за обединување на Романците, освои 40,96 проценти од гласовите. На второ место се најде независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, со 20,99 проценти.

Анкета на „АтласИнтел“ објавена претходно оваа недела покажа изедначеност помеѓу Џорџе Симион и Никусор Дан. Претходните анкети му дадоа предност на Симион. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан