• петок, 22 ноември 2024

Трипуновски: Бачовски вети дека контролите на терен ќе бидат крајно професионални и нема да има притисоци врз земјоделците

Трипуновски: Бачовски вети дека контролите на терен ќе бидат крајно професионални и нема да има притисоци врз земјоделците

Скопје, 7 февруари 2024

 

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оствари работен состанок со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.

На средбата се разговараше за актуелните активности на АФПЗРР и забелешките кои земјоделците ги споделуваат при теренските посети на Трипуновски.

Првата тема за која што разговаравме е за оние теренски контроли кои што ги прави во моментов платежната агенција кои што земјоделците ги чувствуваат како притисок и манипулација во овој предизборен период. Она што го добив како одговор од директорот за овие контроли, кои што се согласно закон, во најголем дел се завршени и останува уште мал дел кои што треба да се дозавршат во наредните два до три дена и добив цврсто уверување дека сите служби на терен ќе бидат крајно професионални и нема да се користи овој период за дополнителен притисок и манипулација на земјоделците, изјави Трипуновски.

Трипуновски дополни дека и понатаму будно ќе го следи овој процес за да се увери дека ќе се испочитува ветувањето од страна на Бачовски.

Втората работа за која што разговаравме е за поплаките на земјоделците за неисплатените субвенции на кое што добив одговор дека ќе се продолжи со исплаќање на субвенциите согласно календарот за исплата на што побарав да немаме застој во овој дел бидејќи земјоделците ги чекаат субвенциите за да ги преживеат овие тешки времиња. - додаде Трипуновски.

АФПЗРР е една од агенциие која што има директна комуникација и директно влијае врз целиов изборен процес. Дали она што директорот го кажа ќе го испочитува јас во овие теренски активности ќе бидам постојано во тек и ќе можеме да превенираме доколку има одредени несогласувања. - заврши Трипуновски.

Дополнителент заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан