• среда, 25 септември 2024

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје

Киев, 23 септември 2024 (МИА) - Тринаесет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени синоќа во воздушните напади на руските сили врз Запорожје, изјави гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров.

Федоров на Телеграм објави дека се повредени седум жени, пет мажи и едно 15-годишно момче, пренесува агенцијата Укринформ.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека, според првичните информации од теренот, Русија во нападот користела наведувачки воздушни бомби -КАБ.

Укринформ додава дека во текот на вчерашниот ден руските сили извршиле вкупно 363 удари врз 12 населени места во областа Запорожје.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан