• сабота, 23 ноември 2024

Трикови за замаглените стакла во автомобилот

Трикови за замаглените стакла во автомобилот
Загреб, 10 декември 2020 (МИА) - Напорно е постојано да се бришат замаглените прозорци во автомобилот, особено додека човекот вози... Во овие студени денови, скоро сите возачи сведочат за оваа утринска обврска, кога, вообичаено, сите одат на работа. Еден од советите на Н1, е да ги премачкате сите стакла со пена за бричење и добро да ги протриете со хартија за раце, сè дури пената не исчезне. Истото може да го користите и за огледалата во бањата. Има уште еден трик - наполнете некои стари чорапи со песок за мачки, и врзете ги да висат во автомобилот. Тој песок ја впива влагата и во воздухот, така што ќе го намали нејзиното количество и во возилото. си/

Остани поврзан