• среда, 12 јуни 2024

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша
Велес, 19 јуни 2021 (МИА) - Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра. Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош. Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница.ад/бт/

Остани поврзан