Триесет и четири жртви по превртувањето на туристички брод во Виетнам (ДПЛ)
- Триесет и четири лица загинаа откако туристички брод се преврте за време на бура во Виетнам, објавија светските агенции.
Ханој, 19 јули 2025 (МИА) - Триесет и четири лица загинаа откако туристички брод се преврте за време на бура во Виетнам, објавија светските агенции.
На бродот имало 53 лица - пет членови на екипажот и 48 патници. Трагедијата се случила во заливот Ха Лонг.
Дванаесет лица се спасени. Меѓу нив било и 14-годишно момче кое останало во водата четири часа. Се трага по преостанатите патници. Меѓу нив имало вкупно 20 деца.
Заливот Ха Лонг е популарна туристичка дестинација во Виетнам. мс/
фото: Пиксабеј