• недела, 22 декември 2024

Триесет дена притвор за жител на Порој фатен со 100 пакувања кокаин 

Триесет дена притвор за жител на Порој фатен со 100 пакувања кокаин 

Тетово, 13 април 2021 (МИА) - Судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово вечерва му одреди мерка притвор на 31-годишниот жител на тетовски Порој кој вчера беше уапсен, а кај него беа најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана.

- А.Б (31) од Порој по лишувањето од слобода е задржан во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење. По целосно документирање на случајот и изготвени соодветни поднесоци изведен е пред судија во претходна постапка кој одреди 30 дена притвор, информираат од СВР Тетово.

Приведениот беше најден на паркинг на фирма во Порој, а при тоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.  Во неговото возила марка „хамер“ биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона. ас/ар/

Остани поврзан