• петок, 05 декември 2025

Триесетти протестен „Марш за ангелите“ во Скопје

Триесетти протестен „Марш за ангелите“ во Скопје

Скопје, 15 ноември 2025 (МИА) – Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“, денеска, со почеток во 12:05 часот ќе се одржи 30. протестен марш „Марш за ангелите“ кој ќе започне од плоштадот „Македонија“.

Како што наведуваат организаторите, маршот има за цел да ја потсети јавноста на потребата од упорна и сплотена борба за правда.

– Свесни сме дека патот до правда ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но, ако ја пронајдеме заедничката точка на сплотување и ако застанеме еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот, порачуваат организаторите.

Маршрутата опфаќа движење од плоштад „Македонија“, покрај Собранието, до Основниот кривичен суд – Скопје. Пред Собранието и Судот се најавени говори и обраќања, а две централни изјави ќе бидат дадени на самиот почеток на протестот. ра/сст/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан