• понеделник, 25 ноември 2024

Трибина: Скопје се развива подеднакво, СДСМ ја има најдобрата понуда

Трибина: Скопје се развива подеднакво, СДСМ ја има најдобрата понуда

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) - И во пандемија покажавме како се работи, донесовме неколку сетови мерки со кои го заштитивме секое работно место, секој граѓанин, секоја компанија, различни цели групи, вбризгавме 62 милијарди денари во домаќинствата и компаниите. СДСМ заштити 100.000 работни места и ги зголеми платите кај 200.000 работници, а сега ја реализираме инвестициската програма која тежи осум милијарди евра. Ова вечерва ги истакна заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Таа нагласи дека повеќе од 4.500 проекти се завршени, а повеќе од 2.300 проекти се во фаза на реализација.  - Сега нема стиропор, има опремени училишта, сега нема жални врби, има весели и задоволни велосипедисти, ние не инвестираме во рѓосани споменици, инвестираме во човечкиот капитал, сакаме заедно да го одбреме најдоброто за нашите улици, за нашите, градинки, училишта, маала за нашата иднина, порача Лукаревка.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи зборуваше за еднаквиот развој во Скопје, за економските политики што Владата предводена од СДСМ ги презеде во овие четири години, а кои, како што рече, резултираа со економски раст, нови работни места и повисок економски стандард за сите граѓани.

-Скопје со години живееше со стигмата „од оваа и онаа страна Вардар“, не се развиваше рамномерно како што доликува на главен град и метропола. Во овие четири години тоа е драстично променето, во Скопје се инвестира во секоја општина, во секоја населба што е важно за идниот развој на градот, рече Битиќи.

Активно помагавме и за време на коронакризата, како што рече, успеавме да спасиме 100.000 работни места, да им помогнеме на десетици илјади компании и тоа го правевме чесно и одговорно и сега кога веќе кризата е зад нас сме во позиција да имаме жива динамична економија и да проектираме повисоки стапки на економски раст.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов потсети на реализираните проекти во изминатите четири години и наведе дека само минатата година се реконструирани и изградени вкупно 21 улица, сите 23 средни училишта во градот се реконструирани и сега имаат нови енергетски ефикасни фасади и прочистувачи за воздух во секоја училница. -Бас рапид транзит системот на брз автобуски превоз популарно наречен „трамвај на тркала“ е на чекор од неговата имплементација. Со потпишувањето на договорот за заем од 70 милиони евра, со поддршка на Владата, процесот на воведување на БРТ во Скопје го доведовме до точка од која нема враќање. За четири години ќе почне да работи на двата правци, истакна Шилегов. Посочи дека наместо импровизирани скапи набавки на кинески двокатни дизел автобуси, Скопје е побогато за 33 нови еко автобуси на гас од реномираниот европски производител МАН. Само со субвенциите за инвертер клима уредите во Скопје, потенцира, се заменети 6.500 грејни тела, изградени се два нови зелени кровови на ГТЦ и Домот на градежници, третиот на „Мавровка“ се прави, воведен е целосно нов концепт за третман на комуналниот отпад, а дивите депонии и дивите паркиралишта ги претвораат во паркови. - Короната не нѐ спречи да изградиме Дино парк во кругот на Зоолошката, кој сега руши рекорди на посетеност како регионална атракција, рече Шилегов и најави дека во август ќе биде потпишан договор за нов забавен парк. мд/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан