• недела, 17 ноември 2024

Трибина „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“

Трибина „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) -  Трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“ се одржа вечерва во Домот за култура „Билјана Беличанец“, во организација на Општина Кисела Вода.
- Панелисти на настанот беа д-р Елка Јачева-Улчар, Лазе Трипков и Ласко Џуровски, кои отворија дискусија за историските збиднувања врзани со настанокот на двете писма, како столбови на македонскиот јазик и култура. Се зборуваше за Кирил и Методиј, за Климент и Наум, за глаголицата и кирилицата од 9. век до денес. Се отвори дебата и за проблемите и грешките што се појавуваат кај поголем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица, во услови на опкруженоста од кирилските азбуки на другите словенски национални јазици, информираат од Општина Кисела Вода.
Присутните на настанот имаа можност да ја видат и изложбата „Македонска глаголица, македонска кирилица“, на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски, која претставува модерна визуелна интерпретација на двете писма. ки/аа/

Остани поврзан