• сабота, 21 декември 2024

Трет пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони

Трет пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони

 

Букурешт, 26 септември 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе и третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостувањето во Букурешт од Динамо со 25-34 во рамки на третото коло во групата А.

Македонскиот шампион во текот на целиот натпревар беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше (13-19), а во 38 минута и двоцифрени 16-26.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски, а голманот Никола Митревски запиша 14 интервенции.

Еурофарм Пелистер е без освоен бод по воведните три кола, а во следниот натпревар ќе го пречека Спортинг на 9 октомври во Битола. ег

ФОТО: Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан